Република Северна Македонија го постави и го гради системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики.
Меѓународните стандарди наметнаа обврска политиките и институционалната реакција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам да се постават во зависност од заканите и проценетиот ризик. Градењето систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам адекватен на проценетот ризик е условен од претходно спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.
Обврската за спроведување на проценка на ризикот (на национално ниво) е пропишана со Препораката 1 на ФАТФ . Имено, овој меѓународен стандард во суштина изискува да се спроведат сеопфатни и комплементарни активности за да се идентификува, процени и разбере ризикот од перење пари и финансирање на тероризам. Следствено, ќе се создаде основа да се креираат и имплементираат адекватни политики и мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои треба да го пресретнат утврдениот ризик, како и да се изврши правилна алокација на ресурсите. Истото за задолжените субјекти ќе претставува основа за примена на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам соодветно на утврдениот ризик.
Извештајот на македонски јазик можете да го превземете на следниот линк
Извештајот на англиски јазик можете да го превземете на следниот линк