Ова упатство е подготвено со цел да им помогне на субјектите да ги спроведат рестриктивните мерки против тероризам и/или пролиферација и да им помогнат да се соочат со различните практични ситуации на кои може да наидат при исполнувањето на обврските од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на РМ број190/17). Финансиските мерки се дел од рестриктивните мерки што се спроведуваат согласно Законот за рестриктивни мерки со цел одржување на меѓународниот мир, безбедност, почитување на човековите права и основните слободи, и развој на демократијата и владеење на правото.
Режимите на економското и финансиското санкционирање имаат различни цели на интерес, како што се борбата против тероризам, борбата против пролиферација на оружје за масовно уништување, принудување како одговор на сериозни прекршувања на човековите права или акти со кои се загрозува мирот. Мерките што се преземаат како дел од овие програми се најразлични, при што замрзнувањето на имотот е само една категорија на овие мерки. Мерките на замрзнување претставуваат привремено ограничување на правото на сопственост, но не и негова експропријација. Лицата кои се предмет на таквите мерки се определуваат од страна на Владата на Република Македонија или од некоја меѓународна организација. Според тоа, овие мерки се разликуваат од мерките за одземање или конфискување на имотот кои ги изрекуваат правосудните органи
Упатството е достапно на следниот линк.