Со својата јавна објава од Февруари 2023 година, ФАТФ ги додаде Нигерија и Јужна Африка на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Камбоџа и Мароко повеќе не се субјекти на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Од почетокот на пандемијата КОВИД-19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови за известување за напредокот на доброволна основа. Следниве земји го разгледаа нивниот напредок од страна на ФАТФ од октомври 2022 година: Албанија, Барбадос, Буркина Фасо, Камбоџа, Кајмански Острови, Гибралтар, Хаити, Јамајка, Јордан, Мали, Мароко, Мјанмар, Панама, Филипини, Сенегал, Јужен Судан, Турција , ОАЕ и Уганда. За овие земји, ажурираните соопштенија се дадени во делот на консолидираните објави на високо-ризични јурисдикции. Демократска Република Конго, Мозамбик и Танзанија избраа да го одложат известувањето за напредокот , па така соопштенијата на ФАТФ од октомври 2022 година за тие јурисдикции се вклучени исто така но тоа можеби не го одразува најновиот статус на националните системи за спречување перење пари и финансирање на тероризам. По пленарната седница на ФАТФ одржана во текот на Февруари 2023 година, ФАТФ сега ги идентификува и Нигерија и Јужна Африка како јурисдикции со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Објавата на ФАТФ од Февруари 2023 година можете да ја погледнете на следниот линк.
Објавата од Октомври 2022 година можете да ја погледнете на линкот подолу.