Со својата јавна објава од Октомври 2022 година, ФАТФ ги додаде Конго, Мозамбик и Танзанија на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Пакистан и Никарагва повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем. Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување на системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Стандардите на ФАТФ не предвидуваат отфрлање на ризик или отсекување на цели групи на клиенти, туку повикуваат на примена на пристап заснован на ризик. Затоа, ФАТФ ги охрабрува своите членки и сите јурисдикции да ги земат предвид информациите за овие јурисдикции во нивната анализа на ризик. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови за известување за напредокот на доброволна основа. Следниве земји го разгледаа нивниот напредок од страна на ФАТФ од јуни 2022 година: Албанија, Барбадос, Буркина Фасо, Камбоџа, Кајмански Острови, Хаити, Јамајка, Јордан, Мали, Мароко, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Филипини, Сенегал, Јужен Судан , Турција, Обединети Арапски Емирати и Уганда. За овие земји, ажурираните наоди се дадени во објавата на ФАТФ. По прегледот, ФАТФ сега ги идентификува и Демократска Република Конго, Мозамбик и Танзанија во рамки на јурисдицкиите под засилен мониторинг.
Објавата на ФАТФ од 21-ви Октомври можете да ја погледнете на следниот линк.
Објавата на оваа веб-страница од 22.06.2022 година можете да ја погледнете на линкот подолу.