Согласно член 2 став (1) точка од ЗСППФТ се пропишува дека „Високоризични земји“ се земји кои не ги спровеле или недоволно ги спровеле меѓународните стандарди за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и земји утврдени од страна на ФАТФ, Европската Унија како и земји за кои надлежните меѓународни тела бараат преземање на соодветни противмерки или земји утврдени во согласност со националната проценка на ризик;
Согласно член 10 став (1) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам субјектите се должни да изготват проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам со цел да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, земајќи ги предвид факторите на ризик кои се однесуваат на: а) клиентот; б) државите или географските подрачја; в) производите, услугите или трансакциите и г) каналите на дистрибуција.
Од друга страна кога деловен однос или трансакција вклучува високоризична земја, субјектот е должен да ги преземе следниве мерки при воспоставување деловен однос или извршување на трансакција: 1) обезбедување дополнителни податоци за клиентот и вистинскиот сопственик/ци; 2) обезбедување дополнителни податоци за целта и природата на деловниот однос; 3) обезбедување дополнителни податоци за изворот на средства и изворот на богатството на клиентот и вистинскиот сопственик/ци; 4) обезбедување податоци за причината за планираната или извршената трансакција; 5) обезбедување одобрение од високото раководство за воспоставување на нови деловни односи или продолжување на постојните деловни односи и 6) интензивно следење на деловниот однос со зголемени и чести контроли, како и со понатамошна анализа од одредени примероци на трансакции.
Во поглед на доставувањето до информациите до Управата, согласно член 66 од ЗСППФТ се пропишува дека основите на сомневање од членот 65 став (1) од овој закон, субјектот ги утврдува врз основа на: непосредни сознанија за клиентот, листата на индикатори за препознавање на сомнителни трансакции утврдени од Управата, субјектите и надзорните органи, консолидираната листа која се води согласно со прописите за рестриктивни мерки, типологии и трендови на перење пари или финансирање на тероризам утврдени од Управата, проценет ризик од перење пари и финансирање на тероризам и од утврдениот профил на ризик на клиентот и други релевантни информации.
Оваа листа на јурисдикции со висок или зголемен ризик од перење пари и/или финансирање на тероризам (ФАТФ и ЕУ) има за цел да им помогне на субјектите да ги идентификуваат ризиците поврзани со географската положба на клиентот и врз основа на тоа соодветно да го проценат и намалат ризикот од перење пари и финансирање на тероризам во рамки на деловниот однос или пак при вршење на трансакции во смисла на ЗСППФТ. Во процесот на имплементација на мерките за СПП/ФТ, адекватна на ризикот од ПП/ФТ, субјектот треба:
- Целосно да ги разбира последиците од ПП и ФТ;
- Јасно да го дефинира процесот на проценка на ризик;
- Пред да извршат проценка на ризик на нивните бази на податоци и активности, субјектите прво треба да направат проценка на ризик на ниво на субјект;
- Да применуваат мерки за намалување на инхерентниот ризик;
- Преѕидуваниот ризик треба да се проценува по процесот на намалување на ризикот;
- Целиот процес на проценка на ризик треба јасно да се документира;
- Сите фактори на ризик треба да се следат редовно;
- Сите политики, процедури, и програмата за СПП/ФТ треба да се напишани јасно и на разбирлив начин и се достапни на сите одговорни лица;
- Редовно да се врши ревидирање на ризикот
Во интерес на полесен пристап до информациите за високо-ризичните држави за целите на перење пари и финансирање на тероризам објавени од страна на ФАТФ и Евроспката Унија како и поедноставна примена на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Во прилог може да ги погледнете Консолидираните последни објави на ФАТФ и Европската унија за јуриздикции со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање на тероризам односно државите со „Повик за акција“ како и трети земји со висок ризик утврдени од страна на Европската Унија. Оваа листа не преставува конечна листа на високоризични држави во смисла на ЗСППФТ туку само листа на Консолидирани објави на ФАТФ и ЕУ.
Поединечните објави на ФАТФ можете да ги погледенте на следниот линк, додека пак објавите на Европската унија се достапни на следниот линк.