Управата за финансиско разузнавање согласно своите надлежности усвои и објавува листа на индикатори за препознавање на сомнителни трансакции. Од голема важност за целиот систем за превенција од перење пари и финансирање на тероризам е да има индикатори за утврдување сомневање за перење пари и за финансирање тероризам, што треба да обезбеди поефективна работа на Управата за Финансиско Разузнавање и подобар квалитет на извештаите што се поднесени од сите субјекти.
Откако ќе се креира, листата на индикаторите истата не е трајна, туку подлежи на периодични прегледи. Оваа листа на индикатори е изработена врз два принципа, односно запознај го својот клиент (KYC) и запознај ја неговата дејност/ активост. Запознај го својот клиент претставува појдовна точка за утврдување дали во одредени трансакции постојат причини за сомневање дека е извршено кривично дело перење пари (ML).
Причините за сомневање се дадени во сите случаи што не се во согласност со вообичаените активности на клиентот и може да се однесуваат на неговото однесување, начинот на извршување на трансакцијата, имотот и на другите невообичаени околности. Понекогаш е доволно постоење на само еден индикатор што покажува дека трансакцијата е сомнителна за да се пријави до УФР, но некогаш тоа претставува само предупредување дека трансакцијата и соодветниот клиент треба внимателно да се проверат за да се овозможи да се откријат и други индикатори.
Одлуката за усвојување на листа на индикатори е достапна на следниот линк