Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18.9.2018 година ја усвои предлог одлуката за формирање на координативно тело за координација и следење на спроведувањето на рестриктивните мерки врз основа на член 20 став 1 од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на Република Македонија број 190/17).
Основните цели на координативното тело се обезбедување на конзистентност, координација и следење во постапката на спроведување на рестриктивните мерки, информирање на Владата на Република Македонија за спроведените рестриктивни мерки, односно за примената или за прекинот на примената на рестриктивните мерки, по доставени известувања од органите за спроведување на рестриктивните мерки согласно Законот за рестриктивни мерки. Имено, истото се состои од претседател од редот на раководни лица од Министерството за надворешни работи, и десет члена од редот на раководни лица од Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Министерството за финансии, Агенцијата за разузнавање, Царинската управа, Агенцијата за управување со одземен имот и Управата за финансиско разузнавање.
Одлуката можете да ја пронајдете на следниот линк