Управата за финансиско разузнавање донесе „Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“ кое има за цел да им помогне на субјектите во процесот во изготвување на интерната проценка на ризикот од ПП/ФТ, односно соодветно да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ во работењето со своите клиенти.
Ова Упатство може да го користат сите субјекти (финансиски и нефинансиски професии и дејности) кои согласно ЗСППФТ се обврзани да ги спроведуваат мерките за СПП/ФТ и да подготват проценка на ризик од ПП/ФТ. Како дополнување на ова Упатство, субјектите при изготвувањето на нивната проценка на ризик може да се користат и Упатствата подготвени од страна на другите органи на надзор согласно член 146 од ЗСППФТ.
Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам е изготвено согласно член 10 став (7) од ЗСППФТ и истото е достапно на следниот линк