Владата на Република Северна Македонија на својата 135-тата седница ја усвои Предлог – Одлуката за формирање на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам. Со донесувањето на оваа одлука, во иднина член на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам по функција ќе биде вицегувернерот од Народната банка кој пак за разлика од досега ќе го замени гувернерот на Народната банка.
Потребата за донесување на ваквата одлука за формирање на советот е врз основа на тоа што во месец јуни 2018 година стапи на сила и новиот и новиот Закон за спречување перење пари и финасирање на теороризам.
Одлуката на Владата за формирање на Советот можете да ја пронајдете на следниот линк.
Записникот од 135-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е достапен на следниот линк