На 1 јануари 2018 година ќе започне со примена новиот Закон за рестриктивните мерки кој беше донесен кон крајот на 2017 година. Законот го уредува воведувањето, примената и престанокот на важење на рестриктивните мерки, надлежноста на одделни органи на државната управа, координацијата и следењето на спроведувањето на рестриктивните мерки, евиденцијата на воведените и спроведени рестриктивни мерки во Република Северна Македонија. Со донесувањето на овој Закон се инкорпорираа најважните препораки на MONEYVAL кои имаа за цел подобрување на правната рамка, попрецизно уредување на условите и постапката за усвојување, измената и прекинот на важењето на рестриктивните мерки.
За Република Северна Македонија спроведувањето на резолуциите на Советот за безбедност на ООН е меѓународна обврска која произлегува од членството во ООН. За обезбедување на оваа цел, новина со овој Закон е фактот што резолуциите на Советот за безбедност на ООН, по нивното донесување се објават на официјалната веб страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија како би се обезбедила нивна неодложна примена од страна на надлежните органи во Република Македонија. На тој начин се избегнува правниот вакум од усвојувањето на резолуциите на СБ на ООН до нивното воведување во Република Северна Македонија со одлука на Владата на Република Македонија.
Основни начела, цели и решенија кои се постигнаа со донесувањето на Законот се:
- законитост, транспарентност, објективност, ефикасност и одговорност;
- подобрување на регулирањето на правата, обврските, должностите на надлежните органи во Република Македонија при воведување, спроведување и престан на важење на рестриктивни мерки;
- зголемување на ефикасноста во работата на надлежните органи во Република Северна Македонија;
- доследно исполнување на меѓународните обврски на Република Северна Македонија кон одредени меѓународни организации.
- Дополнително, се пропишуваа и соодветно се дефинираа видовите на рестриктивни мерки кои може да бидат ембарго на стоки и услуги;ембарго на оружје;забрана за влез во Република Македонија; финансиски мерки и други мерки согласно меѓународното право.
- водење на ажурирана консолидирана листа на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и негово финансирање;
- се определуваат субјектите надлежни да ги спроведуваат финансиските мерки (поимот субјекти е дефиниран во член 5 точка 9 од Предлог-законот);
- се регулира правото совесни трети (bona fide) лица да може да поднесат барање за обезбедување на самостојни права врз имотот предмет на финансиските мерки пред надлежниот суд;
- се воведува обврска за Агенцијата за управување со одземен имот да управува со имотот опфатен со финансиска мерка согласно закон;
- се регулира начинот на координација и следење на спроведувањето на
- рестриктивните мерки, како и водењето на евиденција за воведени, односно спроведени рестриктивни мерки;
- се уредува надлежноста за вршење надзор над спроведувањето на ретсриктивните мерки и друго.
Законот е достапен на следниот линк