Во Службен Весник на Република Северна Македонија број 208 од 09.10.2024 година објавен e „Законот за измена и дополнвуање на законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам’ кој што Собранието го усвои на седница одржана на 3-ти oктомври 2024 година. Воедно, Законот стапува на сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија
Со измената и дополнвуањето на ЗСППФТ се врши адресирање на недостатоци на одредби од законот утврдени со Извештајот од петтиот круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам на Комитетот MONEYVAL при советот на Европа, усвоен во мај 2023 година. Исто така, се врши целосно усогласување со законодавството на ЕУ релевантно за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Директива 2018/843 на Европскиот парламент и Советот од 30 мај 2018 година за изменување и дополнување на Директивата (ЕУ) 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам и изменување и дополнување на Директивите 2009/138/ЕЗ и 2013/36/ЕУ) кое значи унапредување на пропишаните стандарди, меѓу другото потребни за процесот на зачленување на државата во рамки на Единствената европска платежна зона (СЕПА).
Субјектите задолжени за примена на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам како и сите останати субјекти на коишто се однесува Законот се должни да го усогласат нивното работење во најбрз можен временски рок имајќи ги предвид исклучоците предвидени во рамки на преодните и завршните одредби.
- Законот за измена и дополнување на законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам можете да го пронајдете на следниот линк.
- Неофицијалната консолидирана верзија на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е достапна на следниот линк.