Со својата јавна објава од 18-ти декември 2020 година, ФАТФ им честита на Бахамите за значајниот напредок што го постигнале во подобрувањето на системот за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
ФАТФ констатира дека Бахамите ја зајакнале ефективноста на својот систем и се осврнале на техничките недостатоци за да ги исполнат обврските од нивниот акционен план и да ги отстранат стратешките недостатоци идентификувани од страна на ФАТФ од октомври 2018 година.
Имено, ФАТФ со тоа ги тргна Бахамите од списокот на „Јурисдикции под засилен мониторинг“. Бахамите повеќе не се субјект под засилен мониторинг и следење од страна на ФАТФ, но ќе продолжат и понатаму да соработуваат со Caribbean Financial Action Task Force (CFATF) за да го подобрат и понатаму нивниот систем за спречување перење пари и финансирање на тероризам
На следниот линк можете да ја погледнете последната објава од стрна на ФАТФ.