Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам
На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање започна реализација на проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“. Овој проект, чие времетраење е една година, се реализира со помош на Светска банка, а определени активности ќе се реализираат во соработка со Европската Комисија- TAIEX и OSCE.