Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот.
Годишниот извештај на Управата за финансиско разузнавање за 2021 година можете да го погледнете на следниот линк.