Согласно меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики, Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ја дефинира обврската за спроведување НРА заради идентификување, проценување, разбирање и намалување на ризикот поврзан со перење пари и финансирање на тероризам, како и обврската за нејзино ажурирање најмалку на секои четири години. Овие обврски ја наметнуваат потребата за подготвување на Извештај за НРА, кој се користи за подобрување на националната регулатива, идентификување на недостатоците на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, идентификување на сектори или активности со помал или поголем ризик, дефинирање на приоритети и алокација на ресурси, како и помош на субјектите при спроведување на нивната интерна проценка на ризик. Советодавното тело е надлежено за координирање на активностите за спроведување на НРА и изготвување извештај.
Заради исполнување на законските обврски, како и за ажурирање на ризиците од перење пари и финансирање тероризам, во РМ отпочна ажурирањето на НРА во ноември, 2018 година кое се однесува на периодот 01.01.2016-31.12.2018 година. НРА е комплекс од активности, кои ги спроведуваат институциите вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, координирани од страна на Советодавното тело. Во реализацијата на НРА беа вклучени околу 100 претставници на надлежните државни органи и субјектите сите вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, односно во подготвувањето на НРА покрај државниот сектор, (повторно) беше вклучен и приватниот сектор.
Исто како во процесот на НРА во 2014-2016, така и при ажурирањето на НРА се користи методологијата на Светска банка. Следејќи ја методологијата при процесот на НРА беа обезбедени податоци од различни извори (официјални статистики на надлежните институции, спроведени анкети и др академски истражувања и анализи на граѓанскиот сектор,) и анализирани од страна на осумте работни групи кои поради својата хетерогеност обезбедена е широка меѓуресорска консултација и мултидисциплинарен пристап при идентификација на потенцијалниот ризик и ризични фактори, преку утврдените закани и ранливост. Резултат на спроведените активности во рамки на НРА, е Извештајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.
Овој извештај претставува основа за подготвување на Национална стратегија за превенција од перење пари и финансирање на тероризам и унапредување на политиките и правната рамка, релокација на ресурсите, соодветно развивање на системот за контрола и супервизија и имплементација на мерките од страна на задолжените субјекти врз основа на примена на принципот „врз основа на ризикот“. Исто така, субјектите при подготвувањето и ажурирањето на своите проценки на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам кои ги вршат согласно член 10 од Законот за спречување перење пари и финанасирање на тероризам, а со цел да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од перење пари и финансирање на тероризам имаат обврска да се усогласат со резултатите од овој Извештај.
Извештајот од националната проценка на ризикот од 2020 година е достапен на следниот линк,