Управата за финансиско разузнавање изготви и го усвои „Упатствоти за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“ согласно членот 10 став (7) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Упатството има за цел да им помогне на субјектите во процесот на изготвување на Проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам на нивно на субјект, а кое воедно ќе им помогне на субјектите полесно да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците со кои се соочуваат во секојдневното работење со клиентите. Упатството може да го користат сите субјекти (финансиски и нефинансиски дејности и професии), но со ова Упатство не се исклучува можноста субјектите да ги користат и Упатствата подготвени од страна на другите органи на надзор определени со член 146 од Законот.
Упатството може да го најдете на следните линк: