Супервизорите имаат клучна улога во спречувањето перење пари и финансирање тероризам. Тие обезбедуваат дека банките, другите финансиски институции, давателите на услуги за виртуелни средства, сметководителите, агенти за промет со недвижности, субјектите од нефинансискиот сектор како и другите субјекти ги разбираат ризиците со кои се соочуваат во нивното работење и воспоставуваат механизми за намалување на тие ризици. Ефективните супервизори исто така обезбедуваат овие субјекти да бидат усогласени со приписите од областа на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, односно преземаат соодветни активности и мерки во спротивно.
ФАТФ ги охрабрува земјите да преминат подалеку од т.н „tick-box“ пристап во мониторингот на субјектите за целите на спречување на перење пари и финансирање тероризам. Упатството на ФАТФ има за цел да им помогне на супервизорите да се справат со целиот спектар на ризици и да ги фокусираат ресурсите каде што ризиците се најголеми. Пристапот базиран на ризик е помалку оптоварувачки за секторите или активностите со понизок ризик, што е клучно за одржување или зголемување на финансиската инклузија.
ФАТФ наведува дека за транзицијата од „супервизија заснована на правила“ во „супервизија заснована на ризик“ трае подолг временски период и истата може да биде предизвик. ФАТФ истакнува дека потребна е промена во културата за вршење надзор. Супервизорите треба да работат со приватниот сектор за да ги разберат ризиците со кои се соочуваат нивните субјекти. Ова е важно затоа што секој бизнис работи различно и се соочува со различни ризици. Супервизорите треба да имаат соодветни овластувања, вештини и ресурси, како и политичка и организациска поддршка. Супервизорите треба постојано да го надоградуваат разбирањето за ризиците и да го прилагодуваат и подобруваат нивниот пристап за надзор.
Упатството на ФАТФ е составено од три дела:
Дел 1 – Упатство на високо ниво за супервизија заснована на ризик, кое објаснува како супервизорите треба да ги проценуваат ризиците со кои се соочуваат субјектите врз кои вршат надзор како и приоретизирање на нивните активности во согласност со пристапот заснован на ризик кој произлегува од стандардите на ФАТФ.
Дел 2 – Стратегии за решавање на заедничките предизвици во супервизијата базирана на ризик и примери, вклучително и примери на стратегии за надзор на нефинансискиот сектор и професии како и за даватели на услуги за виртуелни средства.
Дел 3 – Примери на земји од глобалната мрежа, надзор на финансискиот сектор, даватели на услуги за виртуелни средства и други субјекти од приватниот сектор.
ФАТФ нотира дека пристапот базиран на ризик ќе ги направи поефикасни напорите на супервизорите за откривање и спречување на финансиските текови што поттикнуваат криминални активности. ФАТФ смета дека ова е клучно, затоа што е подобро да се превенира отколку да се гони.
За повеќе информации како и за превземање на упатството можете да го погледнете на следниот линк.