Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам
Со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Македонија број 120/2018) се изврши усогласување со Директивата број 2015/849 на Европскиот Парламент и на Советот за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.