Со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Македонија број 120/2018) се изврши усогласување со Директивата број 2015/849 на Европскиот Парламент и на Советот за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.
Основни начела, цели и решенија кои се постигнаа со донесувањето на Законот:
-се воведување нови дефиниции со кои се уредуваат одредени поими кои се употребуваат во законот (терорист, терористички акт, терористичка организација, труст, група, високо раководство на субјектот, повремена трансакција, национална проценка на ризик итн);
-се проширување на опсегот на носителите на јавни функции, односно како носители на јавни функции спрема кои субјектите преземаат засилени мерки за анализа се сметаат и носителите на јавни функции во Република Македонија (досега беа само носители на јавни функции од други држави);
-се воведување надлежност на Советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам да ги координира активностите за спроведување национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и учествува во подготвувањето извештај за национална проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам кој потоа треба да биде усвоен од Владата на Република Македонија;
-опсеготот на субјектите кои се задолжени да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се редефинира, односно како нови субјекти се воведени: правни и физички лица кои даваат услуги за организирање и спроведување на аукции, приредувачи на игри на среќа: лотариски игри на среќа, игри на среќа во обложувалница, игри на среќа во автомат клуб и интернет игри на среќа;
-обврските за субјектите кои се однесуваат на идентификација се доведуваат во линија со 4-та ЕУ Директива и стандардите на ФАТФ,
-се предвидуваат решенија со кои се предвидува зајакнување на капацитетите на субјектите, особено на финансиските институции за спроведување на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,
-се прецизираат и усогласуваат со 4-та ЕУ Директива одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар на РМ,
-се предвидува обврска за правните лица да поседуваат чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоци за нивните вистински сопственици;
-се прецизираат надлежностите на Управата за финансиско разузнавање, како и одредбите за соработката на Управата со други надлежни органи и единици за финансиско разузнавање на други држави,
-одредбите кои се однесуваат на вработените во Управата се усогласуваат со Законот за вработените во јавниот сектор и со Законот за административни службенициж
-прекршочните одредби од овој предлог се во согласност со Законот за прекршоци и воведуваат одвратувачки, адекватни и пропорционални казни за непочитување на одредбите од овој закони.
Законот можете да го превземете на следниот линк