Управата за финансиско разузнавање, заедно со канцеларијата на ОБСЕ во Република Мекадонија, организира регионален семинар на тема “Зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал, со фокус на перење пари и финансирање на тероризам”. Семинарот ќе се одржи на 29ти и 30ти ноември во хотел Арка во Скопје со почеток во 08,30 часот.
Предавачи ќе бидат претставници од повеќе надлежни државни иституции како и експерти од земјите во Југоисточна Европа.