Европската Унија работи на подобрување на меѓународното даночно управување. Имајќи ја предвид глобалната природа и нелојалната даночна конкуренција, ова би значело и решавање на надворешни предизвици за во поглед на даноците со кои се соочуваат земјите во ЕУ.
Листата на Европската Унија за не-кооперативни јурисдикции за даночни цели е алатка за справување со:
– даночна измама или даночно затајување:
– употреба на правни средства за минимизирање на даночнните обврски и перење пари како и
– прикривање на потеклото на незаконски стекнатиот имот
Имено во оваа листа се наведени земји што не се членки на ЕУ, кои поттикнуваат одредени практики за кои се смета дека можат да му наштетат на внатрешниот финансиски систем на Европската Унија . Со идентификување на овие земји на ниво на ЕУ, земјите-членки можат да дејствуваат заедно. Целта на ваквите листи не е да се именуваат и оцрнуваат земјите, туку да се поттикнат позитивни промени во нивното даночно законодавство и практики како и зголемување на соработката.
За повеќе информации погледенете го следниот линк.