Честит „1-ви Март“- денот на Управата за финансиско разузнавање !
Денес, 01.03.2021 година се навршуваат 19 години од влегувањето во примена на првиот Закон за спречување на перење пари од независноста на нашата држава. На 5-ти Септември 2001 година, во Службен Весник на Република Македонија број 70/2001 е објавен првиот Указ за прогласување на Законот за спречување на перење пари.
Така, согласно член 3 од Законот од 2001 година за прв пат е формирана „Дирекција за спречување на перење пари“ како орган во состав на Министерството за финансии. Законот стапи на сила осум (8) дена од објавувањето во Службениот весник, меѓутоа отпочна со примена на 1-ви Март 2002 година, па така овој датум се смета за денот од кога официјално започнала со работа тогашната Дирекција за спречување на перење пари, а денешната Управа за финансиско разузнавање.
Како основна надлежности и далуку поразлични од оние денес, Дирекцијата имаше прибирање, обработување, анализа и чување на податоците добиени од субјектите кои се обврзани за презе мање мерки и дејствија за откривање и спречува ње на перење пари. Имено, следејќи ги меѓународните стандарди, иако како кривично дело перењето пари е кодификувано во националното казнено законодавство и многу поодамна, Законот од 2001 година е првиот закон со кој се пропишаа мерките и дејствијата кои одредени категории на правни лица имаат за обврска да ги применуваат за целите на превенција односно спречувањето на перење пари. Паралелно, унапредувајќи ја меѓунардоната соработка, тогашната Дирекцијата за спречување на перење пари на 15 Јуни 2004 година стана членка и рамноправен партнер на ЕГМОТ Групата којашто преставува меѓународна организација на единици за финансико разузнавање ширум светот.
За понатамошно усогласување со меѓународната легислатива и стандарди на 20.07.2004 година во примена влезе „Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело“ кој требаше во тоа време да ги отстрани сите недостатоци на Законот од 2001 година . Со законот од 2004 година дополнително и поконкретно се пропишаа надл ежностите на тогашната Дирекција, доставувањето на податоците до Дирекцијата, можноста за замрзнување на средства, се посочија и институции кои вршат надзор врз субјектите како и многу други аспекти кои требаа да овозможат ефикасност и ефективност во спроведувањето на самиот закон. Дополнително, на 08.10. 2004 година во Службен весник на Република Македонија број 70/2004 подоцна објавен е и Законот ратификација на Конвенцијата на Обединетите Нации против транснационалниот организиран криминал позната како Палермо Конвенција што преставува уште еден исчекор кон исполнувањето на меѓунардоните стандарди на ФАТФ (Опреративна група за финансиска акција).
Со законот од 2004 за прв пат се дефинираше и финансирањето на тероризмот кое согласно тој закон опфаќаше активности кои се однесуваат на обезбедување средства за финансирање на терористичка активност, терористи и терористички организации.
Со неколку измени и дополнувања, Законот од 2004 година се применуваше се до 18.01.2008 година кога отпочна со примена „Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам“. Со овој закон тогашната Дирекција за спречување на перење пари го промени името и статусот и продолжи да функционира како Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, орган во состав на Министерството за финансии, но со својство на правно лице со кое стекна оперативна и финансиска независност. Имено оперативната и финансиска независност е една од клучните препораки на ФАТФ во поглед на функционирањето на единиците за финансиско разузнавање. Како дополнение, со законот од 2008 година, тогашната Управа за спечување перење пари и финансирање на тероризам се стекна со дополнителна надлежност и стана надзорен орган, а со тоа и беше доделена обврска за вршење надзор врз сите субјекти кои мораат да применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Со континуираниот развој на меѓунардоната легислатива како националното законодавство Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам функционираше како таква се до 2012 година кога со Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/2012) Управата продолжи да функционира како Управа за финансиско разузнавање и го доби денешниот назив. Зајакнувајќи ги и унапредувајќи ги човечките и техничките капацитети, а поради сложеноста и комплексноста на активностите кои ги извршува Управата, од 2014 година вработените се стекнаа со статус на овластени службени лица.
Следејќи го развојот на меѓунардоната легислатива, кој пак како постојан процес се обидува да се прилагоди на новото време и трендовите, глобализацијата како и дигитализаијата, до денес донесени се вкупно пет (5) Закони за спречување перење пари и финансирање на тероризам како и повеќе од десет (10) измени и дополнувања на овие Закони со кои се врши усогласување со препораките на ФАТФ како и Директивите на Европскиот парламент и Совет за спречување на користење на системот на Унијата за целите на перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Имајќи ја предвид нашата основна мисија за заштита на финансискиот систем на државата од заканите од перење пари и финансирање на тероризам , остануваме посветени и понатаму на континуирано исполнување на својата мисија, исполнување на обврските кои произлегуваат од процесот на евро-атлантските интеграции и вложување на сите капацитети во постојано институционално унапредување и одржување на чекор со своите партнери.