Управата за јавни приходи изготви и објави Упатство за спречување на перење пари и финансирање на тероризам за казината.
Со ова Упатство се утврдува постапката за превентивно делување за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам кај приредувачите на игри на среќа / казината, улогата на приредувачите на игри на среќа (казината) во раното препознавање и пријавување на сомнителните активности / транскации.
Ова Упатството има за цел да даде насоки за усогласување со законските регулативи, дизајнирање и имплементирање на политиките на управување со ризик, процедурите и активностите кои треба да се преземат за превентивно делување, ефикасно и ефективно спречување на перење на пари и финансирање на тероризам од страна на приредувачите на игри на среќа / казината.
Упатството е достапно на следниот линк