Годишната програма за работа на Управата за финансиско разузнавање за 2022 година е подготвена врз основа на член 64 став (7) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен Весник на Рeпублика Македонија број. 120/18 и Службен весник на Република Северна Македонија број 275/2019), годишната програма за вршење надзор и годишните програми за работа на одделенијата во состав на Управата.
Управата во 2022 година ќе продолжи да работи на унапредување на своите основни функции – превентивната и аналитичката функција, како и на унапредување на меѓународната соработка и легислативата за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Во континуитет со досегашното работење, Управата ги утврдува следните приоритети, како основа за унапредување на своето работење и во 2022 година:
- прибирање и анализа на извештаи за сомнителни трансакции и други информации од значење за спречување и откривање на перење пари и финансирање на тероризам и
доставување на резултатите од анализата до надлежните органи кога постојат основи на сомневање за перење пари и финансирање на тероризам или друго кривично дело; - водење на стратешки анализи за перење пари и финансирање на тероризам;
- зајакнување, унапредување и континуирано одржување на меѓуинституционалната
соработка; - унапредување на активностите од областа на надзорот со цел целосна примена на мерките и дејствијата предвидени во Законот од страна на субјектите и зглемувањето на
капацитетот на Управата за вршeње надзор над субјектите со разузнавачи кои располагаат со знaење, вештини, технички средсва, буџет и алатки потребни за ефикасно
вршење на надзорот; - квалитетни извештаи и известувања кои Управата ги доставува до надлежните органи и водење на стратешки и тактички анализи во Управата;
- зајакнување на меѓународната соработка;
- имплементирање и унапредување на регулативата за превенција од перење пари и финансирање на тероризам и
- зајакнување на кадровските и техничките капацитети.
Годишната програма можете да ја погледнете на следниот линк.