Со својата јавна објава од Февруари 2024 година, ФАТФ ги дидаде Кенија и Намибија на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека пак им честиташе на Барбадос, Гиблартар, Уганда и Обединетите Арапски Емирати за реализирањето на нивните акциски планови со што повеќе не се предмет на засилен мониторинг. ФАТФ идентификува дополнителни јурисдикции, на постојана основа, кои имаат стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. Голем број јурисдикции сè уште не се разгледани од ФАТФ или нивните регионални тела, но ќе бидат во догледно време.ФАТФ обезбедува одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови за известување за напредокот на доброволна основа. Следните земји имаа преглед на својот напредок од страна на ФАТФ по октомври 2023: Барбадос, Бугарија, Буркина Фасо, Хрватска, Демократска Република Конго, Гибралтар, Јамајка, Мали, Мозамбик, Нигерија, Филипини, Сенегал, Јужна Африка, Јужен Судан, Танзанија, Турција, УАЕ, и Уганда. За овие земји, се предоставуваат обновени изјави подолу. Камерун, Хаити, Сирија, Виетнам и Јемен избраа одложување на извештајувањето; така, претходно издадените изјави за тие јурисдикции се вклучени подолу, но тоа можеби не одразува најновиот статус на режимите на противперење на пари и финансирање на тероризам. По прегледот, ФАТФ сега ги идентификуваше Кенија и Намибија како јурисдија со стратешки недостатоци во системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Објавата на ФАТФ од Февруари 2024 година можете да ја погледнете следниот линк.
Објавата на ФАТФ од Октомври 2023 година можете да ја погледнете следниот линк.