Ве известуваме дека во тек е подготовка на измени и дополнувања на Законот за спречување перење пари и финасирање тероризам (Службен весник на РМ бр.120/2018). Во рамки на измените, се предвидува и измена на членот 57 став (7) од Законот, со кој е определено дека овластеното лице, неговиот заменик и вработените во одделот за спречување перење пари и финансирање тероризам треба задолжително да поседуваат безбедносен сертификат со степен „доверливо“.
Воедно, по одржаната координација со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Дирекцијата нема да постапува по барањата за издавање на безбедносни сертификати кои се доставуваат од страна на субјектите и истите ќе бидат ставени во мирување до донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финасирање тероризам (Службен весник на РМ бр.120/2018).