Глобалниот индекс на тероризам (ГТИ) е извештај којшто се објавува на годишно ниво од страна на Институтот за економија и мир (ИЕП) како глобална „think-thank“ организација со седиште во Сиднеј- Австралија, а распространета и во Сад- New York, Англија- Oxford, и Мексико – Mexico City.
Во извештајот од 2020 година , Република Северна Македонија е рангирана на 124-тото место и бележи напредок во „Индексот на тероризам“ за 11 места во однос на претходниот извештај.
Имено, извештајот рангира 163 земји врз основа на четири индикатори пондерирани и бодувани во период од пет години, а резултатот на една земја се заснова на уникатен систем за бодување за релативното влијание на инцидентите во годината.
Четирите фактори коишто се земаат во предвид при утврдувањето на конечниот резултат се:
- вкупен број на терористички инциденти во дадената година
- вкупен број на жртви предизвикани од терористички инциденти во дадена година
- вкупен број на повреди предизвикани од терористички иницдентиво дадена година
- мерка на вкупната материјална штета од терористички инциденти во дадена година.
На врвот на листата како највисоко ризични држави и со највисок индекс на тероризам се Авганистан, Ирак и Нигерија, додека најнизок индекс на тероризам имаат Того, Туркменистан и Обединетите Арапски Емирати.
Дополнително, во извештајот се наброени и 50 најстраотни терористички напади и чинови коишто се случени во текот на 2019 година во кои се вклучени нападите во Шри Ланка од страна на ИСИЛ познат како „Sri Lanka Easter bombings“ во кои животот го загубија 266 лица, нападите во Мали од страна на организцијата позната како „Dan Na Ambassagou“ (преведено: “Ловци кои веруваат во Бог“) познати како „Ogossagou massacre“ во кои животот го загубија околу 157 лица како и нападите во Авганистан од страна на Талибанците познати како „Maidan Shar attack“ во кои животото го загубија околу 129 лица.
Целосниот извештај и рангирањето, методологијата како и дополнителните инфорамции и податоци можете да ги погледнете на следниот линк.