Со својата јавна објава од Февруари 2023 година, ФАТФ ги додаде Камерун, Хрватска и Виетнам на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“. ФАТФ идентификува дополнителни јурисдикции, на постојана основа, кои имаат стратешки недостатоци во нивните системи за ефективно и ефикасно спречување перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. Голем број јурисдикции сè уште не се разгледани од ФАТФ или нивните регионални тела, но ќе бидат во догледно време.
Регионалните тела на ФАТФ и ФАТФ продолжуваат да работат со јурисдикциите подолу додека известуваат за постигнатиот напредок во справувањето со нивните стратешки недостатоци. ФАТФ ги повикува јурисдикциите да ги завршат своите акциски планови и во определените временски рамки. ФАТФ ја поздравува нивната посветеност и внимателно ќе го следи нивниот напредок.
ФАТФ обезбедува одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови за известување за напредокот на доброволна основа. Следниве земји го разгледаа нивниот напредок од страна на ФАТФ од февруари 2023 година: Албанија, Барбадос, Буркина Фасо, Кајмански Острови, Демократска Република Конго, Гибралтар, Јамајка, Јордан, Мали, Мозамбик, Панама, Филипини, Сенегал, Јужна Африка, Јужен Судан , Турција, ОАЕ и Уганда. Хаити, Нигерија, Сирија, Танзанија и Јемен избраа да го одложат известувањето; Така, изјавите претходно издадени за тие јурисдикции се вклучени во делот на консолидираните објави, но тоа не мора да го одразува најновиот статус на нивните системи за спрелување пење пари и финансирање на тероризам . За овие земји, ажурираните соопштенија се дадени во делот на консолидираните објави на високо-ризични јурисдикции објавени на нашата веб страница.
Од друга страна пак, по прегледот, ФАТФ сега ги идентификува[ше и Камерун, Хрватска и Виетнам како Јурисдикции под засилен мониторинг.
Објавата на ФАТФ од Јуни 2023 година можете да ја погледнете на следниот линк.
Објавата од март 2023 година можете да ја погледнете на линкот подолу.