Во согласност со заложбите за спречување на перење пари и финансирање на незаконски активности, изработени се индикатори кои имаат за цел да обезбедат подобро препознавање на сомнителни трансакции во областа на еколошкиот криминал. Природните ресурси, управувањето со отпад, шумарството, минералите и рударството се сектори каде ризикот од незаконити финансиски активности често е зголемен, па затоа со овие индикатори се обезбедува поефикасна и навремена идентификација на ризични транспарентни и нетранспарентни дејствија.
Новите индикатори ги опфаќаат честите нерегуларности и ризични обрасци на однесување – од необјаснето зголемување на имот кај службени лица, до користење на офшор компании и злоупотреба на јавни средства за таканаречени „еколошки“ проекти. Тие се важен инструмент за субјектите должни да ги спроведуваат законските обврски и да развијат ризично-базиран пристап кон надзор, анализа и навремено пријавување на сомнителни активности до надлежните органи.
Подготовката на овие индикатори произлегува од меѓусекторска соработка и анализа на актуелните ризици поврзани со финансирањето на криминал во eкологија, со цел зајакнување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.
Целосниот документ може да го прегледате на следниот линк.

