РСМ го постави и го гради системот за СППФТ согласно меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики, адекватно на утврдениот ризик.
За ефикасно управување со ризикот, ЗСППФТ ја дефинира обврската за спроведување НРА заради идентификување, проценување, разбирање и намалување на ризикот поврзан со ПП и ФТ, како и обврската за нејзино ажурирање најмалку на секои четири години. Оваа обврска ефикасно се извршува од страна на надлежните институции, при тоа спроведувајќи ги меѓународните стандарди на високо ниво на ефикасност. Во овој контекст подготвени се повеќе извештаи за спроведени национални проценки или стратешки анализи, а НРА од 2023 година е најновиот циклус на НРА со кој се идентификуваат ризиците од ПП, ФТ, a за прв пат и заканите од финансирање на оружје за масовно уништување (пролиферација).
Резултатот од спроведената НРА се заклучоците за претходно споменатите ризици, презентирани во овој извештај. Целта на овој извештај е повеќекратна. Истиот се користи за подготвување на Национална стратегија чии активности ќе влијаат на подобрување на националната регулатива, надминување на недостатоците на системот за СППФТ, дефинирање на активности кои треба да се применуваат во идентификуваните сектори со помал или поголем ризик, како и за алокација на ресурси согласно дефинираните приоритети. Дополнително, овој извештај има своја употребна вредност и за субјектите за кои претставува рамка за спроведување на интерните проценки на ризик на ниво на клиент или субјект.
Претходните процеси на НРА се извршени во 2016 и 2020 година, подготвените Извештаи се достапни на веб страната на УФР.
Исто така, направена е засилена анализа и посебен осврт е даден на ранлвоста од неформалната економија, игрите на среќа и градежниот сектор.
ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ – Документ
ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ОД ФИНАНСИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ – Документ
ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ОД ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ – Документ