Врз основа на член 89 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (“Службен весник на Република Македонија” бр. 150/22,208/24 и 59/25) член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/2014, 27/14, 199/14, 27/16, 98/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.143/19, 275/19 и 14/20 и 208/24), член 22 став 1 точка 1, член 23 став 1 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија”бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 134/16, 120/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25 и 74/25), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15”), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува:
Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време на следново работно место:
- Помлад разузнавач за одржување софтвер со шифра УФР 0210Б04001, во Одделението за информатичка технологија, во Секторот за информатичка технологија и управување со податоци, 1 (еден) извршител.
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Целокупниот оглас е објавен на следниот линк.
Административна селекција
Административна селекција дополнување
Записник од писмен испит
Записник од спроведено интервју
Ранг Листа по јавен оглас
Одлука за избор на 1 (еден) извршител на работно место Помлад разузнавач за одржување софтвер.