Консолидирана листа на санкционирани лица и субјекти

Овој документ претставува консолидирана листа на физички и правни лица опфатени со рестриктивни мерки согласно резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и одлуките на Европската Унија. Листата содржи информации за поединци и организации поврзани со активности што претставуваат закана за меѓународниот мир, безбедност и човекови права, вклучувајќи ги податоците за нивното име, државјанство, функција, датум на внесување и измена на санкцијата.

За повеќе информации и ажурирани податоци, посетете ја официјалната страница на Обединетите нации и Европската Унија за рестриктивни мерки.

Прочитај повеќе

Индикатори за препознавање на сомнителни трансакции поврзани со еколошки криминал и перење пари

Во согласност со заложбите за спречување на перење пари и финансирање на незаконски активности, изработени се индикатори кои имаат за цел да обезбедат подобро препознавање на сомнителни трансакции во областа на еколошкиот криминал. Природните ресурси, управувањето со отпад, шумарството, минералите и рударството се сектори каде ризикот од незаконити финансиски активности често е зголемен, па затоа со овие индикатори се обезбедува поефикасна и навремена идентификација на ризични транспарентни и нетранспарентни дејствија.

Новите индикатори ги опфаќаат честите нерегуларности и ризични обрасци на однесување – од необјаснето зголемување на имот кај службени лица, до користење на офшор компании и злоупотреба на јавни средства за таканаречени „еколошки“ проекти. Тие се важен инструмент за субјектите должни да ги спроведуваат законските обврски и да развијат ризично-базиран пристап кон надзор, анализа и навремено пријавување на сомнителни активности до надлежните органи.

Подготовката на овие индикатори произлегува од меѓусекторска соработка и анализа на актуелните ризици поврзани со финансирањето на криминал во eкологија, со цел зајакнување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.

Целосниот документ може да го прегледате на следниот линк.

Прочитај повеќе

Годишен извештај 2024

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот.

Годишниот извештај на Управата за финансиско разузнавање за 2024 година можете да го погледнете на следниот линк.

Прочитај повеќе

Извештај за национална проценка на ризикот од перење пари, финансирање на тероризам, финансирање на оружје за масовно уништување и други поврзани ризици

РСМ го постави и го гради системот за СППФТ согласно меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики, адекватно на утврдениот ризик.

За ефикасно управување со ризикот, ЗСППФТ ја дефинира обврската за спроведување НРА заради идентификување, проценување, разбирање и намалување на ризикот поврзан со ПП и ФТ, како и обврската за нејзино ажурирање најмалку на секои четири години. Оваа обврска ефикасно се извршува од страна на надлежните институции, при тоа спроведувајќи ги меѓународните стандарди на високо ниво на ефикасност. Во овој контекст подготвени се повеќе извештаи за спроведени национални проценки или стратешки анализи, а НРА од 2023 година е најновиот циклус на НРА со кој се идентификуваат ризиците од ПП, ФТ, a за прв пат и заканите од финансирање на оружје за масовно уништување (пролиферација).

Резултатот од спроведената НРА се заклучоците за претходно споменатите ризици, презентирани во овој извештај. Целта на овој извештај е повеќекратна. Истиот се користи за подготвување на Национална стратегија чии активности ќе влијаат на подобрување на националната регулатива, надминување на недостатоците на системот за СППФТ, дефинирање на активности кои треба да се применуваат во идентификуваните сектори со помал или поголем ризик, како и за алокација на ресурси согласно дефинираните приоритети. Дополнително, овој извештај има своја употребна вредност и за субјектите за кои претставува рамка за спроведување на интерните проценки на ризик на ниво на клиент или субјект.

Претходните процеси на НРА се извршени во 2016 и 2020 година, подготвените Извештаи се достапни на веб страната на УФР.

Исто така, направена е засилена анализа и посебен осврт е даден на ранлвоста од неформалната економија, игрите на среќа и градежниот сектор.

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ – Документ

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ОД ФИНАНСИРАЊЕ НА ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ – Документ

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ОД ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ – Документ

 

 

Прочитај повеќе

Рестриктивни мерки на ОН

Консолидираната листа ги вклучува сите физички лица и субјекти кои подлежат на мерки утврдени од Советот за безбедност. Вклучувањето на сите имиња на една Консолидирана листа е да се олесни спроведувањето на мерките, и ниту подразбира дека сите имиња се наведени и подлежат под еден режим, ниту пак дека критериумите за наведување на специфични имиња се исти.

Прочитај повеќе

Рестриктивни мерки на Европска Унија

Рестриктивните мерки (санкциите) се суштинска алатка во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, преку која ЕУ може да интервенира кога е потребно за да спречи конфликт или да одговори на новонастанатите кризни жаришта. Тие се наменети да донесат промена во политиката или активноста со насочување кон земјите што не се членки на ЕУ, како и субјекти и поединци, одговорни за т.н нарушеното малигно однесување.

Прочитај повеќе

Новите подзаконски акти коишто произлегуваат од ЗСППФТ

Врз основа на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам донесен е нов сет на подзаконски акти. Целта на овие акти е јасно дефинирање на обврските на надлежните институции и субјекти, унапредување на процедурите и зголемување на транспарентноста во финансиските и регулаторни процеси.

Во продолжение се достапни осум документи, кои ги опфаќаат главните области на работењето на Управата за финансиско разузнавање, водењето евиденции, етичките стандарди, извештаи и технички спецификации.

🔹 Првиот документ е КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ кој ги утврдува етичките принципи на кои мора да се придржуваат вработените во Управата за финансиско разузнавање.
📄 КОДЕКС

🔹 Понатаму следат седум правилници, секој со своја специфична примена:

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ГОТОВИНСКА ТРАНСАКЦИЈА ВО ИЗНОС ОД 15.000 ЕВРА ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ИЛИ ПОВЕЌЕ, со кој се уредува начинoт на доставување и обработка на овие податоци.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, ВИДОТ И КАТЕГОРИИТЕ НА ПОДАТОЦИ ОД ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СОМНЕВАЊАТА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И/ИЛИ ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ, со што се стандардизира структурата на сомнителните извештаи.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, НАЧИНОТ И РОКОВИТЕ ЗА ВНЕСУВАЊЕ И АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВО ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА СЛУЧАИ И НАЧИНОТ НА СЛЕДЕЊЕ НА СЛУЧАИTE, со кој се овозможува дигитално следење на постапките.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СОФТВЕРОТ ЗА АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ, со што се утврдуваат техничките барања за безбедна и ефективна работа со податоци.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА СПРОВЕДЕНИ ПОСТАПКИ ЗА ИЗРЕЧЕНИ КОРЕКТИВНИ МЕРКИ, со кој се воведува електронско водење на процесите поврзани со надзор.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА НАЛОГОТ ЗА ВРШЕЊЕ НАДЗОР ОД СТРАНА НА УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ, кој го уредува процесот на инспекциски надзори.
    📄 ПРАВИЛНИК

  • ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА НА НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ДАВАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ВИРТУЕЛНИ СРЕДСТВА, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ СУБЈЕКТИТЕ КОИ ВРШАТ МЕНУВАЧКИ РАБОТИ, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ БРОКЕРСКИТЕ КУЌИ И БАНКИТЕ СО ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ЛИЦАТА КОИ ТРГУВААТ ИЛИ ДЕЈСТВУВААТ КАКО ПОСРЕДНИЦИ ВО ТРГОВИЈА СО УМЕТНИЧКИ ДЕЛА И НУМЕРИРАНИОТ РЕГИСТАР ШТО ГО ВОДАТ ЛИЦАТА КОИ СКЛАДИРААТ, ТРГУВААТ ИЛИ КОИ ДЕЈСТВУВААТ КАКО ПОСРЕДНИЦИ ВО ТРГОВИЈА СО УМЕТНИЧКИ ДЕЛА КОГА АКТИВНОСТА СЕ ОДВИВА ВО СЛОБОДНИ ЗОНИ, со кој се обезбедува стандардизација на нумерацијата и следење на регистрите.
    📄 ПРАВИЛНИК

Овие документи претставуваат значаен чекор напред во подобрување на регулативата и оперативниот капацитет на сите засегнати страни.

Прочитај повеќе

Jaвен оглас за вработување на 1 (едно) лице во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Врз основа на член 89 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (“Службен весник на Република Македонија” бр. 150/22 и 208/24) член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/2014, 27/14, 199/14, 27/16, 98/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.143/19, 275/19 и 14/20 и 208/24), член 22 став од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија”бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/20 15, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 134/16, 120/18, и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (“Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15”), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува:

Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице на неопределено време на следново работно место:

1. УФР 02 10 Б02 001 Виш разузнавач за мрежно поврзување во Одделението за информатичка технологија во Секторот за информатичка технологија и управување со податоци, 1 (еден) извршител.

Прочитај повеќе

Република Северна Македонија помеѓу најниско ризичните држави согласно реномираниот Базелски индекс за спречување перење пари

Во најновото рангирање на реномираната тинк-тенк организација „Basel Institute on Governance“, Република Северна Македонија се наоѓа на 31-вото место според индексните поени од вкупно 164 држави предмет на анализа, оставајќи ги зад себе држави неколку европски држави како Кралството Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Романија Бугарија и многу други. Гледано по региони, Црна Гора и Северна Македонија имаат највисок индекс како држава со најнизок ризик за перење пари и финансирање на тероризам за Источна Европа и Централна Азија.

Прочитај повеќе

Јавен оглас за вработување на Помлад разузнавач за меѓународна соработка во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Јавен оглас за вработување на Помлад разузнавач за меѓународна соработка во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Линк до огласот

Административна селекција

Писмен испит 

 

1. Листа на кандидати од спроведен писмен испит
2. Записник од спроведен писмен испит 

 

Спроведено интервју со кандидат

 

1. Записник од спроведено интервју 

 

Одлука за избор на извршител за работно место Помлад разузнавач за меѓународна соработка во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време   

Прочитај повеќе