Годишен извештај 2023

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот.

Годишниот извештај на Управата за финансиско разузнавање за 2023 година можете да го погледнете на следниот линк.

Прочитај повеќе

Годишен извештај 2022

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето пари и финансирање на тероризмот.

Годишниот извештај на Управата за финансиско разузнавање за 2022 година можете да го погледнете на следниот линк.

Прочитај повеќе

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилени мерки кон наведените јурисдикции, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од ризиците за перење пари, финансирање тероризам и финансирање на пролиферација (ML/TF/PF) кои произлегуваат од земјата.

Прочитај повеќе

ФАТФ ги додаде Кенија и Намибија на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (23.02.2024 година)

Со својата јавна објава од Февруари 2024 година, ФАТФ ги дидаде  Кенија и Намибија на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека пак им честиташе на Барбадос, Гиблартар, Уганда и Обединетите Арапски Емирати за реализирањето на нивните акциски планови со што повеќе не се предмет на засилен мониторинг.

Прочитај повеќе

Јавен оглас за вработување на возач во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Јавен оглас за вработување на возач во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Линк до огласот

Прочитај повеќе

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (27.10.2023 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од ризиците од перење пари, финансирање тероризам и финансирање пролиферација кои произлегуваат од земјата. Оваа листа честопати се нарекува „црна листа“.

Прочитај повеќе

ФАТФ ја додаде Бугарија на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (27.10.2023 година)

Со својата јавна објава од Октомври 2023 година, ФАТФ ја додаде  Бугарија на на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека пак им честиташе на Албанија, Кајмански острови, Јордан и Панама за реализирањето на нивните акциски планови со што повеќе не се предмет на засилен мониторинг. ФАТФ идентификува дополнителни јурисдикции, на постојана основа, кои имаат стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. Голем број јурисдикции сè уште не се разгледани од ФАТФ или нивните регионални тела, но ќе бидат во догледно време.

Прочитај повеќе

Објавен извештајот на Република Северна Македонија од страна на Kомитетот MONEYVAL

Во извештајот објавен денеска, Комитетот MONEYVAL ги повикува властите во Северна Македонија дополнително да ги зајакнат мерките за борба против перењето пари (ПП), финансирањето на тероризмот (ФТ) и финансирањето на пролиферацијата (ФП), особено во области на истрагите и обвинителството.

Како резултат на двогодишен процес на евалуација во повеќе фази, извештајот за Република Северна Македонија беше разгледуван и усвоен на 65-тата пленарна седница на комитетот која се одржа во месец мај 2023 година. Во рамки на целокупниот процес, Комитетот MONEYVAL изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ). Во извештајот се констатира дека, откако Република Северна Македонија ја зајакна својата правна рамка од последната евалуација, и ги постави темелите за здрав систем за справување со перење пари и финансирање тероризам,  сеуште постојат неколку области на кои државата треба да го подобри спроведувањето.

Прочитај повеќе

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (23.06.2023 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од ризиците од перење пари, финансирање тероризам и финансирање пролиферација кои произлегуваат од земјата. Оваа листа честопати се нарекува „црна листа“.

Прочитај повеќе

ФАТФ ги додаде Камерун, Хрватска и Виетнам на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (23.06.2023 година)

Со својата јавна објава од Февруари  2023 година, ФАТФ ги додаде Камерун, Хрватска и Виетнам на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“.  ФАТФ идентификува дополнителни јурисдикции, на постојана основа, кои имаат стратешки недостатоци во нивните системи за ефективно и ефикасно спречување перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. Голем број јурисдикции сè уште не се разгледани од ФАТФ или нивните регионални тела, но ќе бидат во догледно време.

Прочитај повеќе