Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам (2021 – 2024)

За целите на зајакнување на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам досега беа подготвени и реализирани четири стратешки документи. Како последица на потребата за продолжување и насочување на динамиката на унапредување на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Република Северна Македонија, подготвена е нова Стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам. 

Прочитај повеќе

Проект на USAID за граѓанско учество – „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО

Управата за финансиско разузнавање во соработка со здружението Конект, во рамки на проектот на USAID за граѓанско учество, на 27 и 28 мај и 26 и 27 август реализираше серија од информативни настани „Проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО“.

На учесниците на оваа работилница (повеќе од 100 НПО) им беа презентирани меѓународните стандарди кои треба да се почитуваат за заштита на НПО, потребата од преземање на дополнителни мерки за заштита на НПО од злоупотреби од страна на државата, но и потребата за преземање на дополнителни мерки за зајакнување на механизмите за добро управување, транспарентност и отчетност како мерки на самозаштита кои НПО може да ги преземаат. Покрај излагањата на директорот на Проектот на USAID- г-н Горан Лазаревски, извршната директорка на Европскиот центар за непрофитно право со седиште во Хаг- г-ѓа Катерина Хаџи Мицева Еванс, извршната директорка на Конект- г-а Никица Кусиникова, од страна на претставниците на Управата за финансиско разузнавање беа презентирани  наодите од спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам.

Прочитај повеќе

Извештај за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации

Релевантните меѓународни институции, вбројувајќи го и ФАТФ во лидерска позиција во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам, покрај тоа што утврдуваат меѓународни стандарди за спречување финансирање на тероризам, исто така, идентификуваат и типологии на финасирање на тероризам според кои терористите и терористичките организации ги искористуваат НПО на повеќе начини: за собирање, трансфер и употреба на собрани средства (познато како циклус на финансирање); обезбедување логистичка поддршка; поттикнување регрутирање терористи; создавање лажни добротворни организации или злоупотреба на прибираните средства за овие цели и друг вид поддршка.

Прочитај повеќе

Усвоен е Извештајот за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации

Владата на својата 83-та седница одржана на 29.06.2021 година го разгледа и усвои „Извештајот за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации“.

Релевантните меѓународни институции, вбројувајќи го и ФАТФ во лидерска позиција во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам, покрај тоа што утврдуваат меѓународни стандарди за спречување финансирање на тероризам, исто така, идентификуваат и типологии на финасирање на тероризам според кои терористите и терористичките организации ги искористуваат НПО на повеќе начини: за собирање, трансфер и употреба на собрани средства (познато како циклус на финансирање); обезбедување логистичка поддршка; поттикнување регрутирање терористи; создавање лажни добротворни организации или злоупотреба на прибираните средства за овие цели и друг вид поддршка.

Прочитај повеќе

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“(25.06.2021 година)

Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за спречување перење пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување

За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за заштита на меѓународниот финансиски систем од тековните ризици поврзани со перење пари, финансирањето тероризам како и пролиферацијата на оружје за масовно уништување кои произилегуваат од посочените земји. Оваа листа честопати е наречена и „црна листа“.

Прочитај повеќе

ФАТФ ги додаде Хаити, Малта, Филипини и Јужен Судан на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“(25.06.2021 година)

Со својата јавна објава од 25-ти Јуни 2021 година, ФАТФ ги додаде Хаити, Малта, Филипини и Јужен Судан на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“.

Во октомври 2020 година, ФАТФ одлучи да ја продолжи својата работа за идентификување на јурисдикции со стратешки недостатоци во системите за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Албанија, Барбадос, Боцвана, Камбоџа, Кајмански Острови, Гана, Јамајка, Маурициус, Мароко, Мјанмар, Никарагва, Пакистан, Панама, Уганда и Зимбабве беа предмен на разгледување и беше разгледан напредокот во врскаа со констатираните наоди од февруари 2021 година и истите може да се пронајдат на јавната објава на ФАТФ од 25.06.2021 година

Прочитај повеќе

Северна Македонија со подобрување од 11 места во „Индексот на тероризам“ објавен од страна на Институтот за економија и мир за 2020 година.

Глобалниот индекс на тероризам (ГТИ) е извештај којшто се објавува на годишно ниво од страна на Институтот за економија и мир (ИЕП) како глобална „think-thank“ организација со седиште во Сиднеј- Австралија, а распространета и во Сад- New York, Англија- Oxford, и Мексико – Mexico City.

Прочитај повеќе

Партнерство за проценка на ризикот од финансирање тероризмот за непрофитните организации е можно: Северна Македонија го предводи патот

Во Скопје, 10.06.2021 година се одржа меѓународен форум на влади и непрофитни организации „Непрофитни организации и проценка на ризик – ангажман и научени лекции за ефикасна имплементација“, по повод презентацијата на Извештајот за спроведена проценка за ризикот од финансирање на тероризмот за непрофитните организации во земјата. Работната група за финансиска акција (FATF) бара од државите да проценат дали во непрофитниот сектор постои ризик од финансирање тероризам и перење пари. Меѓутоа, за да го направат тоа на значаен начин, тие треба да соработуваат со непрофитниот сектор. Владата на Северна Македонија неодамна го заврши процесот на проценка на ризикот за непрофитните организации и покажа дека е можна ваква ефективна соработка со непрофитниот сектор.

Прочитај повеќе

Годишен план за спречување на корпуција на Управата за финансиско разузнавање за 2021 година

Вршењето на задачите и реализацијата на целите на Управата е во непосредна врска со преземањето на соодветни мерки кои се насочени кон отстранување на разните видови на коруптивно однесување кои би можеле да се појават во најразлични форми како што е неморално и неетичко однесување , судир на интереси , непотизам и слично . Во таа насока потребно е да се изврши идентификација на ризичните области, како и воспоставување на алатки и контролни механизми за надминување на детектираните ризични области , со предлог решенија кои ќе придонесат во превенирањето , спречувањето или намалуването на ризиците на корупција при спорведувањето на надлежностите на Управата , кои активности се утврдуваат со овој Годишен план за спречување на корупција на Управата за финансиско разузнавање.

Прочитај повеќе

Јавен оглас за вработување на 3 (три) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање

Врз основа на член 20 -г став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија ”бр.34 / 2014 , 27/14 , 199/14 , 27/16 , 98/18 , и ” Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.143 / 19 , 275/19 и 14/20 ), член 22 став ( 1 ) алинеја 1 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија ” бр.62/2005,106/2009,161/2008,114/2009, 50/2010,52/2010,124/2010, 47/2011,11/2012, 39/2012,13/2013, 25/2013,170/2013,187/2013,113/2014,20/2015, 33/2015,72/2015,129/2015,27/2016,134/16,120/18, и “ Службен весник на Република Северна Македонија ” бр . 110/19 и 267/20), член 74 и 75 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ( Службен весник на Република Македонија  бр. 120/18 ,Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.275/19 и 317/20 ), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 3 (три) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време.

Прочитај повеќе