ФАТФ ги тргна Бахамите од листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“(18 Декември 2020)

Со својата јавна објава од 18-ти декември 2020 година, ФАТФ им честита на Бахамите за значајниот напредок што го постигнале во подобрувањето на системот за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

ФАТФ објави публикација поврзана со ризиците од перење пари и финансирање на тероризам како последица на пандемијата Covid-19 (Ажурирано Декември 2020)

Пандемијата COVID-19 доведе до невидени глобални предизвици, човечко страдање како и економско нарушување. Пандемијата несомнено доведе до зголемување на крвични дела кои се поврзани со Covid- 19. Ова ги вклучува најразничните измамами, компјутерскиот криминал, погрешно електронско насочување или експлоатација на владини фондови или меѓународна финансиска помош, што создава нови извори на приходи криминалците

ФАТФ – Јурисдикции под засилен мониторинг (23 Октомври 2020)

Јурисдикциите под засилен мониторинг активно работат со FATF за решавање на стратешките недостатоци во нивните системи за борбата против перењето пари, финансирањето тероризам и пролиферација на оружје за масовно уништување. Кога ФАТФ посочува јурисдикција под засилен мониторинг, тоа значи дека земјата се обврзала брзо да ги реши идентификуваните стратешки недостатоци во одредена временска рамка и…

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (23.10.2020)

Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за борба против перењето пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки…

Користењето на „виртуелните средства“ познати како „криптовалути“ ќе се уредува со закон

Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари…

Нова веб-страна на Управата за финансиско разузнавање

Управата за финансиско разузнавање, од денес во функција ја става својата нова веб страна. На овој начин се обидуваме да го подобриме пристапот на субјектите кои имаат обврска задолжително да го применуваат Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам како и Законот за рестриктивни мерки до сите релевантни информации поврзани со работата и се…

Глобална програма за справување со недозволени финансиски текови (GIZ – Global Program Combating Illicit Financial Flows – GP  IFF)

Глобалната програма за справување со недозволени финансиски текови ( giz Global Program Combating Illicit Financial Flows – GP IFF ) се фокусира на приносите од казнени дела. Незаконските активности можат да бидат спречени доколку се открие и спречи перењето на пари, како и надомести противрпавната имотна корист. За оваа цел програмата поддржува активности во четири…

Проект за борба против економски криминал

По завршување на првата фаза на Проектот против економски криминал со времетраење од мај 2016 до мај 2019 година, се продолжува со имплементација на втората фаза од Проектот фаза II, од мај 2019 до мај 2022 година. Втората фаза од Проектот против економски криминал во Република Северна Македонија (HFII – AEC-MKD) има за цел да…

ПРОЕКТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ

На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање, а со цел унапредување на капацитетите на системот за спречување и контрола на перење пари и финансирање тероризам, отпочна имплементацијата на Проектот за борба против економски криминал во Република Македонија. За реализација на проектните активности во времетраење од 36 месеци, предвиден е буџет од 1.350.000 евра, средства добиени…

МONEYVAL објави извештај за трендовите за перење пари и финансирање тероризам во јурисдикциите-членки за време на кризата со КОВИД-19

Криминалците ја искористуваат ситуацијата од пандемијата КОВИД-19 и го прилагодуваат нивниот начин на функционирање или т.н „модус операнди“ за да се стекнат со дополнителна имотна корист од различни видови казниви дела како што се измамите со користење на електронските средства, продажба на фалсификувани лекови, медицински средства и материјали како и останати облици на компјутерски криминал.