Соопштенија

Јавен оглас за вработување на 3 (три) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање

Врз основа на член 20 -г став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија ”бр.34 / 2014 , 27/14 , 199/14 , 27/16 , 98/18 , и ” Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.143 / 19 , 275/19 и 14/20 ), член 22 став ( 1 ) алинеја 1 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија ” бр.62/2005,106/2009,161/2008,114/2009, 50/2010,52/2010,124/2010, 47/2011,11/2012, 39/2012,13/2013, 25/2013,170/2013,187/2013,113/2014,20/2015, 33/2015,72/2015,129/2015,27/2016,134/16,120/18, и “ Службен весник на Република Северна Македонија ” бр . 110/19 и 267/20), член 74 и 75 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ( Службен весник на Република Македонија  бр. 120/18 ,Службен весник на Република Северна Македонија ” бр.275/19 и 317/20 ), Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 3 (три) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на неопределено време.

Прочитај повеќе

Нацрт – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам објавен на ЕНЕР и ставен на јавен увид

Се известуваат засегнатите страни дека Нацрт- законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам се става на јавен увид, и истиот е објавен на ЕНЕР.

Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РМ бр.120/2018, 275/2019 и 317/2020) ги регулира мерките и дејствијата кои субјектите и надлежните органи и тела ги преземаат за целите на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и работењето и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање. Европксата Унија направи измени во легислативата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и усвои нова т.н 5-та Директива на Европскиот парламент и Совет за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам број 2018/843 од 2018 година со која се дополнува 4-тата директива од 2015 година.  Дополнително, ФАТФ (Меѓународна оперативна група за финансиска акција) направи ревидирање на препораките во текот на 2019 година, особено во делот на виртуелните средства како и во делот на спречувањето на финансирање на пролиферацијата (ширење на оружје за масовно уништување).

Прочитај повеќе

ФАТФ објави Упатство за примена на пристапот „Супервизија заснована на проценка на ризик“ наменето за супервизорските органи

Супервизорите имаат клучна улога во спречувањето перење пари и финансирање тероризам. Тие обезбедуваат дека банките, другите финансиски институции, давателите на услуги за виртуелни средства, сметководителите, агенти за промет со недвижности, субјектите од нефинансискиот сектор како и другите субјекти ги разбираат ризиците со кои се соочуваат во нивното работење и воспоставуваат механизми за намалување на тие ризици. Ефективните супервизори исто така обезбедуваат овие субјекти да бидат усогласени со приписите од областа на спречувањето перење пари и финансирање тероризам, односно преземаат соодветни активности и мерки во спротивно.

Прочитај повеќе
Вести

„1-ви Март“ – ден на Управата за финансиско разузнавање, 19 години – Управа за финансиско разузнавање

Честит „1-ви Март“- денот на Управата за финансиско разузнавање !

Денес, 01.03.2021 година се навршуваат 19 години од влегувањето во примена на првиот Закон за спречување на перење пари од независноста на нашата држава. На 5-ти Септември 2001 година, во Службен Весник на Република Македонија број 70/2001 е објавен првиот Указ за прогласување на Законот за спречување на перење пари.

Така, согласно член 3 од Законот од 2001 година за прв пат е формирана „Дирекција за спречување на перење пари“ како орган во состав на Министерството за финансии. Законот стапи на сила осум (8) дена од објавувањето во Службениот весник, меѓутоа отпочна со примена на 1-ви Март 2002 година, па така овој датум се смета за денот од кога официјално започнала со работа тогашната Дирекција за спречување на перење пари, а денешната Управа за финансиско разузнавање.

Прочитај повеќе

Користењето на „виртуелните средства“ познати како „криптовалути“ ќе се уредува со закон

Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија.

Прочитај повеќе

МONEYVAL објави извештај за трендовите за перење пари и финансирање тероризам во јурисдикциите-членки за време на кризата со КОВИД-19

Криминалците ја искористуваат ситуацијата од пандемијата КОВИД-19 и го прилагодуваат нивниот начин на функционирање или т.н „модус операнди“ за да се стекнат со дополнителна имотна корист од различни видови казниви дела како што се измамите со користење на електронските средства, продажба на фалсификувани лекови, медицински средства и материјали како и останати облици на компјутерски криминал.

Прочитај повеќе