Што значи листата на Европската Унија на не-кооперативни јуриздикции?

Европската Унија работи на подобрување на меѓународното даночно управување. Имајќи ја предвид глобалната природа и нелојалната даночна конкуренција, ова би значело и решавање на надворешни предизвици за во поглед на даноците со кои се соочуваат земјите во ЕУ.

ФАТФ објави публикација поврзана со дигиталниот идентитет

Во секоја финансиска трансакција, KYC, односно анализата на клиентот е од суштинско значење за да бидете сигурни дека средствата или приносите не се поврзани или не потекнуваат од било какви кримнални активности. ФАТФ со оваа публикација дава Упатства кои што можат да им помогнат на владите, финансиските институции, давателите на услуги за виртуелни средства и…

Извештај за спроведената проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2020 година

Согласно меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики, Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ја дефинира обврската за спроведување НРА заради идентификување, проценување, разбирање и намалување на ризикот поврзан со перење пари и финансирање на тероризам, како и обврската за нејзино ажурирање најмалку на секои четири години. Овие обврски ја наметнуваат потребата за…

Изложеност на непрофитниот сектор од финансирање на тероризам

Заради ефикасна имплементација на Националната стратегија за борба против тероризам како и Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, Управата за финансиско разузнавање во Соработка со Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во соработка изготви прирачник за изложеност на непрофитниот сектор од финансирање на тероризам.

Закон за дополнување на законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам* („Службен весник на Република Македонија― број 120/18),
во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3)..

Одлука за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Владата на Република Северна Македонија на својата 135-тата седница ја усвои Предлог – Одлуката за формирање на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам. Со донесувањето на оваа одлука, во иднина член на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам по функција ќе биде вицегувернерот од Народната банка кој…

Годишен извештај 2019

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…

Правилник за содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа ги доставуваат до управата за финансиско разузнавање и начинот на нивно електронско доставување

Со овој правилник се пропишува содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа…

Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам

Управата за финансиско разузнавање донесе „Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“ кое има за цел да им помогне на субјектите во процесот  во изготвување на интерната проценка на ризикот од ПП/ФТ, односно соодветно да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ во работењето со своите…