Во Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 4.7.2022 година објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам којшто Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Законот стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето односно со почеток од 12.07.2022 година.
Со својата последна објава од Јуни 2022 година, ФАТФ повторно ги изразува своите најдлабоки сочувстви за народот на Украина и изразува жалење за огромната загуба на животи и непотребното уништување предизвикано од тековната Руска инвазијa над Украина. Притоа, ФАТФ наведува дека Руските дејства се спротивни на основните принципи кои имаат за цел да ја промовираат…
Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…
Со својата јавна објава од 17-ти Јуни 2022 година, ФАТФ ги додаде Гиблартар на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Малта повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.
Согласно одредбите од Законот за сперчување перење пари и финансирање на тероризам, на иницијатива на Управата за финансиско разузнавање се изврши ажурирање и дополнување на листата на индикатори за препознавање на соимнителни трансакции. Направените измени и дополнувања произлегуваат од Извешјтајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Извештајот за ризиците…
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…
Поголема свесност за ризиците од користење виртуелните средства, градење посеопфатна регулатива, како и одржливост и постојано надоградување на системот проследено со унапредување на капацитетите во целост со цел да се обезбеди превенција и навремено откривање на перењето пари и финансирањето тероризам. Ова беа заклучоците од завршниот настан на Проектот за унапредување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање…
Во изминатиот период, Управата за финансиско разузнавање (Управата) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата „Рестриктивна веб платформа“ која е наменета за субјектите од членот 5 од ЗСППФТ при применувањето на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и при постапувањето согласно одредбите од Законот за рестриктивни…
Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Здружението на граѓани Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање изготвија „Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам“.
Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…
Користиме колачиња (cookies) на нашата веб страна за да добиете најдобро корисничко искуство со тоа што ги памети вашите преференци за идни посети. Со кликање на копчето “Се согласувам“ ги прифаќате сите колачиња. Прочитајте повеќе за колачињата на следниот линк
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Управат за финансиско разузнавање: (во натамошниот текст: УФР), со седиште на плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 6ти кат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице со основна надлежност да прибира, обработува и доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на терориза. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.