Успешно завршен проектот за зајакнување на капацитетите на Управата поддржан од Кралството Холаднија

Поголема свесност за ризиците од користење виртуелните средства, градење посеопфатна регулатива, како и одржливост и постојано надоградување на системот проследено со унапредување на капацитетите во целост со цел да се обезбеди превенција и навремено откривање на перењето пари и финансирањето тероризам. Ова беа заклучоците од завршниот настан на Проектот за унапредување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање…

Рестриктивна веб платформа наменета за субјектите кои применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Во изминатиот период, Управата за финансиско разузнавање (Управата) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата „Рестриктивна веб платформа“ која е наменета за субјектите од членот 5 од ЗСППФТ при применувањето на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и при постапувањето согласно одредбите од Законот за рестриктивни…

Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Здружението на граѓани Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање изготвија „Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам“.

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (04.03.2022 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…

ФАТФ ги додаде Обединетите Арапски Емирати на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (04.03.2022 година)

Со својата јавна објава од 4-ти Март 2022 година, ФАТФ ги додаде Обединетите Арапски Емирати на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Зимбабве повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.

Годишна програма за работа на Управата за финансиско разузнавање за 2022

Годишната програма за работа на Управата за финансиско разузнавање за 2022 година е подготвена врз основа на член 64 став  (7) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен Весник на Рeпублика Македонија број. 120/18 и Службен весник на Република Северна Македонија број 275/2019), годишната програма за вршење надзор и годишните програми…

Почнува регулација на активностите со виртуелните односно крипто-средства, усвоен Предлог-Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на 10 – тата Владина седница

Република Северна Македонија за прв пат ќе ги регулира активностите поврзани со виртуелните односно крипто -средства, а во јавноста познати како „критповалути“ што се предвидува со Предлог-Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, подготвен од Министерството за финансии во соработка со Управата за финансиско разузнавање, кој беше усвоен на седница на Владата од 01.02.2022…

Јавен оглас за вработување на 2(две) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на нопределено време (јавен оглас објавен по трет пат)

Јавен оглас за вработување на 2(две) лица во Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање на нопределено време (јавен оглас објавен по трет пат)

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“(21.10.2021 година)

Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за спречување перење пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за…

ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (21.10.2021 година)

Со својата јавна објава од 21-ви Октомври 2021 година, ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“. Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување…