Рестриктивните мерки (санкциите) се суштинска алатка во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, преку која ЕУ може да интервенира кога е потребно за да спречи конфликт или да одговори на новонастанатите кризни жаришта. Тие се наменети да донесат промена во политиката или активноста со насочување кон земјите што не се членки на ЕУ, како…
Владата на Република Северна Македонија на својата 135-тата седница ја усвои Предлог – Одлуката за формирање на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам. Со донесувањето на оваа одлука, во иднина член на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам по функција ќе биде вицегувернерот од Народната банка кој…
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…
Со овој правилник се пропишува содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа…
Управата за финансиско разузнавање донесе „Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“ кое има за цел да им помогне на субјектите во процесот во изготвување на интерната проценка на ризикот од ПП/ФТ, односно соодветно да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ во работењето со своите…
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на извештајот за готовинска трансакција во износ од 15.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија или повеќе без оглед дали станува збор за една трансакција или повеќе очигледно поврзани трансакции. Превземи го документот
Ова Упатство е подготвено согласно член 10 став (7) од ЗСППФТ и има за цел да им помогне на субјектите во процесот на проценка на ризикот од ПП/ФТ – да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ. Ова Упатство може да го користат сите субјекти (финансиски и определени нефинансиски дејности и професии) кои…
Управата за финансиско разузнавање изготви и го усвои „Упатствоти за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам“ согласно членот 10 став (7) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Упатството има за цел да им помогне на субјектите во процесот на изготвување на Проценка на ризикот од…
Користиме колачиња (cookies) на нашата веб страна за да добиете најдобро корисничко искуство со тоа што ги памети вашите преференци за идни посети. Со кликање на копчето “Се согласувам“ ги прифаќате сите колачиња. Прочитајте повеќе за колачињата на следниот линк
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Управат за финансиско разузнавање: (во натамошниот текст: УФР), со седиште на плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 6ти кат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице со основна надлежност да прибира, обработува и доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на терориза. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.