Со овој правилник се пропишува формата и содржината на налогот за вршење надзор од страна на Управата за финансиско разузнавање. Превземи го документот
Ова упатство е подготвено со цел да им помогне на субјектите да ги спроведат рестриктивните мерки против тероризам и/или пролиферација и да им помогнат да се соочат со различните практични ситуации на кои може да наидат при исполнувањето на обврските од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на РМ број190/17). Финансиските мерки се дел од…
Управата за Финансиско разузнавање изготви „Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик“ . Истот е изготвено согласно член 18 став (8) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ) со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои…
Ова Упатство има за цел да им помогне на субјектите кои имаат обврска да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Упатството има за цел да помобне истите соодветно да го проценат, разберат и намалат ризикот од перењето пари, а поврзано со работењето со одредена категорија на клиенти. Носителите…
Упатство е изготвено согласно член 18 став (8) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ) со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Законот . Важно е субјектите да го знаат идентитетот на своите клиенти…
Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18.9.2018 година ја усвои предлог одлуката за формирање на координативно тело за координација и следење на спроведувањето на рестриктивните мерки врз основа на член 20 став 1 од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на Република Македонија број 190/17).
Со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Македонија број 120/2018) се изврши усогласување со Директивата број 2015/849 на Европскиот Парламент и на Советот за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…
На 3 април 2018 година во Службен весник на Републиак Северна Македонија е објавен Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација.
На 3 април 2018 година во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање.
Користиме колачиња (cookies) на нашата веб страна за да добиете најдобро корисничко искуство со тоа што ги памети вашите преференци за идни посети. Со кликање на копчето “Се согласувам“ ги прифаќате сите колачиња. Прочитајте повеќе за колачињата на следниот линк
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Управат за финансиско разузнавање: (во натамошниот текст: УФР), со седиште на плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 6ти кат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице со основна надлежност да прибира, обработува и доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на терориза. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.