Важно известување во врска со обврската за поседување на безбедносен сертификат согласно член 57 од ЗСППФТ

Ве известуваме дека во тек е подготовка на измени и дополнувања на Законот за спречување перење пари и финасирање тероризам (Службен весник на РМ бр.120/2018). Во рамки на измените, се предвидува и измена на членот 57 став (7) од Законот, со кој е определено дека овластеното лице, неговиот заменик и вработените во одделот за спречување…

Комитетот MONEYVAL ги поздрави напорите на Република Северна Македонија кон подобрување на целокупниот регулаторен режим за спречување перење пари и финансирање на тероризам

На 57-тата Пленарна седница на MONEYVAL Комитетот при советот на ЕУ која се одржуваше во периодот од 3-7 декември 2018 година, беше усвоен предлогот на Секретаријатот со кој беше побарано Република Северна Македонија да биде тргната од обврската за зачестено известување на Комитетот за сите активности кои ги преземаат властите, а  во насока на отстранување…

Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик

Управата за Финансиско разузнавање изготви „Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик“ . Истот е изготвено согласно член 18 став (8) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ) со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои…

Упатство за имплементација на мерките за спречување перење пари и финансирање на тероризам кон носителите на јавни функции

Ова Упатство има за цел да им помогне на субјектите кои имаат обврска да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Упатството има за цел да помобне истите соодветно  да го проценат, разберат и намалат ризикот од перењето пари, а поврзано со работењето со одредена категорија на клиенти. Носителите…

Управата за финансиско разузнавање изготви Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик

Упатство е изготвено согласно член 18 став (8) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ) со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Законот .  Важно е субјектите да го знаат идентитетот на своите клиенти…

Формирно e координативно тело за следењето и спроведувањето на меѓународните рестриктивни мерки

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18.9.2018 година ја усвои предлог одлуката за формирање на координативно тело за координација и следење на спроведувањето на рестриктивните мерки врз основа на член 20 став 1 од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на Република Македонија број 190/17).

Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација

На 3 април 2018 година во Службен весник на Републиак Северна Македонија е објавен Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација.

Правилник за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање

На 3 април 2018 година во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање.

Од 1 јануари 2018 година започнува со примена новиот Закон за рестриктивните мерки

На 1 јануари 2018 година ќе започне со примена новиот Закон за рестриктивните мерки кој беше донесен кон крајот на 2017 година.  Законот  го  уредува  воведувањето,  примената  и престанокот  на  важење  на  рестриктивните  мерки,  надлежноста  на  одделни органи  на  државната  управа,  координацијата  и  следењето  на  спроведувањето на  рестриктивните  мерки,  евиденцијата  на  воведените  и  спроведени рестриктивни…

Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Перењето пари е повеќе етапен процес на конверзија на приходите од нелегални активности во фондови кои потекнуваат од привидно законски извори, без притоа да се открие нивниот вистински извор, природа или сопственост. Финансирањето на тероризмот претставува процес на обезбедување или собирање на средства или фондови на било кој начин, директно или индиректно, незаконски и свесно…