Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, а за целите на унапредување на меѓуинституционалната соработка, Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерто за финансии формира Совет за борба против перење пари и финансирање тероризам.
Советот е составен од претставници на: Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за правда, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управа за финансиска полиција, Царинска Управа, Народна банка на Република Северна Македонија, Управа за јавни приходи, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенција за пошти, Адвокатска Комора,Нотарска Комора, Инстут на овластени ревизори и Институт на сметководители и овластени сметководители.
Советот има обврска да ги координира активностите за спроведување на Национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, да ја унапредува функционалноста на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и да предлага активности за зголемување на неговата ефикасност, да ја следи реализацијата на заклучоците усвоени од Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на унапредување на политиката за борба против перење пари и финансирање на тероризам, а вклучено е и во подготовка на материјали и извештаи побарани и доставени до Moneyval Комитетот или други оценски мисии.
Владата на Република Северна Македонија на својата 135-тата седница ја усвои Предлог – Одлуката за формирање на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам. Со донесувањето на оваа одлука, во иднина член на советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам по функција ќе биде вицегувернерот од Народната банка кој…
Користиме колачиња (cookies) на нашата веб страна за да добиете најдобро корисничко искуство со тоа што ги памети вашите преференци за идни посети. Со кликање на копчето “Се согласувам“ ги прифаќате сите колачиња. Прочитајте повеќе за колачињата на следниот линк
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Управат за финансиско разузнавање: (во натамошниот текст: УФР), со седиште на плоштад “Пресвета Богородица” бр. 3, 6ти кат, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице со основна надлежност да прибира, обработува и доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на терориза. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.