Ажурирани индикатори за препознавање на сомнителни тренасакции

Согласно одредбите од Законот за сперчување перење пари и финансирање на тероризам, на иницијатива на Управата за финансиско разузнавање се изврши ажурирање и дополнување на листата на индикатори за препознавање на соимнителни трансакции. Направените измени и дополнувања произлегуваат од Извешјтајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Извештајот за ризиците…

Рестриктивна веб платформа наменета за субјектите кои применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Во изминатиот период, Управата за финансиско разузнавање (Управата) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата „Рестриктивна веб платформа“ која е наменета за субјектите од членот 5 од ЗСППФТ при применувањето на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и при постапувањето согласно одредбите од Законот за рестриктивни…

Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Здружението на граѓани Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање изготвија „Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам“.

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (04.03.2022 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…

ФАТФ ги додаде Обединетите Арапски Емирати на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (04.03.2022 година)

Со својата јавна објава од 4-ти Март 2022 година, ФАТФ ги додаде Обединетите Арапски Емирати на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Зимбабве повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.

Почнува регулација на активностите со виртуелните односно крипто-средства, усвоен Предлог-Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на 10 – тата Владина седница

Република Северна Македонија за прв пат ќе ги регулира активностите поврзани со виртуелните односно крипто -средства, а во јавноста познати како „критповалути“ што се предвидува со Предлог-Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, подготвен од Министерството за финансии во соработка со Управата за финансиско разузнавање, кој беше усвоен на седница на Владата од 01.02.2022…

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“(21.10.2021 година)

Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за спречување перење пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за…

ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (21.10.2021 година)

Со својата јавна објава од 21-ви Октомври 2021 година, ФАТФ ги додаде Јордан, Мали и Турција на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“. Од почетокот на пандемијата со КОВИД- 19, ФАТФ обезбеди одредена флексибилност на јурисдикциите кои не се соочуваат со непосредни рокови и обврски за известување за напредокот и преземените мерки во насока на подобрување…

Усвоен е Извештајот за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации

Владата на својата 83-та седница одржана на 29.06.2021 година го разгледа и усвои „Извештајот за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации“. Релевантните меѓународни институции, вбројувајќи го и ФАТФ во лидерска позиција во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам, покрај тоа што утврдуваат меѓународни стандарди за спречување финансирање на…

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“(25.06.2021 година)

Високо – ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните системи за спречување перење пари, финансирањетo тероризам и пролиферацијата на оружје за масовно уништување За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки како и сите јурисдикции да применат засилен мониторинг, а во најсериозните случаи, земјите се повикуваат да применат против- мерки за…