Согласно Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, Управата за финансиско разузнавање има овластување да склучува договори за соработка и разменува податоци и информации со овластени тела на други држави и меѓународни организации, вклучени во борба против перење пари и финансирање на тероризам.

Правата и обврските на Управата за финансиско разузнавање во меѓународната соработка се регулирани членовите 127 до 134, од Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.

Согласно одредбите од овие членови Управата за финансиско разузнавање може:

-да склучува договори за соработка со овластени тела на други држави, како и со меѓународни организации вклучени во борба против перење пари и финансирање на тероризам;

-да бара податоци и доставува податоците по сопствена иницијатива или по ниво барање и под услов на реципроцитет до овластените тела и организации на други држави, како и до меѓународни организации кои се занимаваат со спречување на перење пари и финансирање на тероризам;

-да постапува по барање кога надлежен орган за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на друга држава ќе побара одбивање или одлагање на трансакција и др.

Податоците и информациите обезбедени по пат на меѓународна соработка се доверливи и истите Управата за финансиско разузнавање ги користи за целите утврдени со овој закон и под условите кои ги определил органот кој ги доставил.