Формирно e координативно тело за следењето и спроведувањето на меѓународните рестриктивни мерки

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18.9.2018 година ја усвои предлог одлуката за формирање на координативно тело за координација и следење на спроведувањето на рестриктивните мерки врз основа на член 20 став 1 од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на Република Македонија број 190/17).

Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација

На 3 април 2018 година во Службен весник на Републиак Северна Македонија е објавен Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација.

Правилник за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање

На 3 април 2018 година во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање.

Од 1 јануари 2018 година започнува со примена новиот Закон за рестриктивните мерки

На 1 јануари 2018 година ќе започне со примена новиот Закон за рестриктивните мерки кој беше донесен кон крајот на 2017 година.  Законот  го  уредува  воведувањето,  примената  и престанокот  на  важење  на  рестриктивните  мерки,  надлежноста  на  одделни органи  на  државната  управа,  координацијата  и  следењето  на  спроведувањето на  рестриктивните  мерки,  евиденцијата  на  воведените  и  спроведени рестриктивни…

Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Перењето пари е повеќе етапен процес на конверзија на приходите од нелегални активности во фондови кои потекнуваат од привидно законски извори, без притоа да се открие нивниот вистински извор, природа или сопственост. Финансирањето на тероризмот претставува процес на обезбедување или собирање на средства или фондови на било кој начин, директно или индиректно, незаконски и свесно…

Рестриктивни мерки на ОН

Консолидираната листа ги вклучува сите физички лица и субјекти кои подлежат на мерки утврдени од Советот за безбедност. Вклучувањето на сите имиња на една Консолидирана листа е да се олесни спроведувањето на мерките, и ниту подразбира дека сите имиња се наведени и подлежат под еден режим, ниту пак дека критериумите за наведување на специфични имиња…

Извештај за спроведена национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2016 година

Република Северна Македонија го постави и го гради системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики. Меѓународните стандарди наметнаа обврска политиките и институционалната реакција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам да се постават во зависност од заканите и проценетиот ризик. Градењето…

Упатство за спречување на перење пари и финансирање на тероризам за казина на Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи изготви и објави Упатство за спречување на перење пари и финансирање на тероризам за казината. Со ова Упатство се утврдува постапката за превентивно делување за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам кај приредувачите на игри на среќа / казината, улогата на приредувачите на игри на среќа (казината) во…