Упатство за имплементација на мерките за спречување перење пари и финансирање на тероризам кон носителите на јавни функции

Ова Упатство има за цел да им помогне на субјектите кои имаат обврска да ги применуваат мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Упатството има за цел да помобне истите соодветно  да го проценат, разберат и намалат ризикот од перењето пари, а поврзано со работењето со одредена категорија на клиенти. Носителите…

Управата за финансиско разузнавање изготви Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик

Упатство е изготвено согласно член 18 став (8) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ) со цел да им помогне на субјектите да го разберат концептот на вистински сопственик и со тоа да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Законот .  Важно е субјектите да го знаат идентитетот на своите клиенти…

Формирно e координативно тело за следењето и спроведувањето на меѓународните рестриктивни мерки

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 18.9.2018 година ја усвои предлог одлуката за формирање на координативно тело за координација и следење на спроведувањето на рестриктивните мерки врз основа на член 20 став 1 од Законот за рестриктивни мерки (Службен весник на Република Македонија број 190/17).

Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Македонија број 120/2018) се изврши усогласување со Директивата број 2015/849 на Европскиот Парламент и на Советот за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

Годишен извештај 2018

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…

Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација

На 3 април 2018 година во Службен весник на Републиак Северна Македонија е објавен Правилник за формата и содржината на евиденцијата за спроведени финансиски мерки вклучително и финансиски мерки против тероризам и пролиферација.

Правилник за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање

На 3 април 2018 година во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на листата на определени лица кон кои се воведени финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање.