Нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на Република Северна Македонија број 151/2022 од 04.07.2022 година)

Во Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 4.7.2022 година  објавен e Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам којшто Собранието го усвои на 71-вата седница одржана на 27 јуни 2022 година. Законот стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето односно со почеток од 12.07.2022 година. 

ФАТФ – Соопштение поврзано со Руската Федерација

Со својата последна објава од Јуни 2022 година, ФАТФ повторно ги изразува своите најдлабоки сочувстви за народот на Украина и изразува жалење за огромната загуба на животи и непотребното уништување предизвикано од тековната Руска инвазијa над Украина.  Притоа, ФАТФ наведува дека Руските дејства се спротивни на основните принципи кои имаат за цел да ја промовираат…

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (17.06.2022 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…

ФАТФ ги додаде Гиблартар, а ја тргна Малта од листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (22.06.2022 година)

Со својата јавна објава од 17-ти Јуни 2022 година, ФАТФ ги додаде Гиблартар на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Малта повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем.

Ажурирани индикатори за препознавање на сомнителни тренасакции

Согласно одредбите од Законот за сперчување перење пари и финансирање на тероризам, на иницијатива на Управата за финансиско разузнавање се изврши ажурирање и дополнување на листата на индикатори за препознавање на соимнителни трансакции. Направените измени и дополнувања произлегуваат од Извешјтајот за спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам, Извештајот за ризиците…

Годишен извештај 2021

Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии задолжен за борба против перењето пари и финансирањето на тероризам во Република Северна Македонија. Управата е формирана во согласност со меѓународните стандарди кои наметнуваат обврска за секоја држава да воспостави единица за финансиско разузнавање како специјализирана институција која ќе се бори против перењето…

Успешно завршен проектот за зајакнување на капацитетите на Управата поддржан од Кралството Холаднија

Поголема свесност за ризиците од користење виртуелните средства, градење посеопфатна регулатива, како и одржливост и постојано надоградување на системот проследено со унапредување на капацитетите во целост со цел да се обезбеди превенција и навремено откривање на перењето пари и финансирањето тероризам. Ова беа заклучоците од завршниот настан на Проектот за унапредување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање…

Рестриктивна веб платформа наменета за субјектите кои применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Во изминатиот период, Управата за финансиско разузнавање (Управата) ја надгради својата веб страна, и ја стави во продукција новата „Рестриктивна веб платформа“ која е наменета за субјектите од членот 5 од ЗСППФТ при применувањето на мерките и дејствијата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и при постапувањето согласно одредбите од Законот за рестриктивни…

Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам

Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Здружението на граѓани Конект во соработка со Европскиот центар за непрофитно право и Управата за финансиско разузнавање изготвија „Прирачник за спречување на изложеноста на непрофитниот сектор на перење пари и финансирање тероризам“.

ФАТФ – Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“ (04.03.2022 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…