ФАТФ ги додаде Нигерија и Јужна Африка, а ги тргна Камбоџа и Мароко од листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (24.02.2023 година)

Со својата јавна објава од Февруари  2023 година, ФАТФ ги додаде Нигерија и Јужна Африка на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Камбоџа и Мароко повеќе не се субјекти на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем за спречување перење пари и финансирање на тероризам. 

Годишна програма за работата на Управата за финансиско разузнавање за 2023 година

Годишната програма за работа на Управата за финансиско разузнавање за 2023 година е подготвена врз основа на член 75 став  (7) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен Весник на Рeпублика Северна Македонија број. 151/22), годишната програма за вршење надзор и годишните програми за работа на одделенијата во состав на Управата.

ФАТФ ги додаде Конго, Мозамбик и Танзанија, а ги тргна Пакистан и Никарагва од листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“ (21.10.2022 година)

Со својата јавна објава од Октомври 2022 година, ФАТФ ги додаде Конго, Мозамбик и Танзанија на листата на „Јурисдикции под засилен мониторинг“, додека Пакистан и Никарагва повеќе не е субјект на засилен мониторинг имајќи го предвид исполнувањето на акцискиот план и отстранување на идентификуваните стратешки недостатоци во националниот систем. Од почетокот на пандемијата со КОВИД-…

ФАТФ ја додаде Мјанмар во групата на Високо-ризични јурисдикции предмет на „Повик за Акција“, (21.10.2022 година)

Високо ризичните јурисдикции имаат значителни стратешки недостатоци во нивните режими за да се спротивстават на перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата. За сите земји идентификувани како високоризични, ФАТФ ги повикува сите членки и ги повикува сите јурисдикции да применат засилена анализа, а во најсериозните случаи, земјите се повикани да применат контра-мерки за…

Годишниот план за спречувањена корпуција на Управата за финансиско разузнавање за 2023

Вршењето на задачите и реализацијата на целите на Управата е во непосредна врска со преземањето на соодветни мерки кои се насочени кон отстранување на разните видови на коруптивно однесување кои би можеле да се појават во најразлични форми како што е неморално и неетичко однесување , судир на интереси , непотизам и слично . Во…

Комитетот MONEYVAL ја спроведе теренската посета во Република Северна Македонија во рамки на 5-тиот круг на евалуација на системот за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Република Северна Македонија во периодот од 21 септември до 4 октомври 2022 година беше домаќин на тимот евалуатори од Комитетот на експерти на Советот на Европа за евалуација на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам (MONEYVAL) во рамки на реализирањето на 5-тиот круг од оценската мисија во поглед на целокупниот систем за спречување…

Воведени финансиски рестриктивни мерки кон 15 домашни лица – резиденти согласно Законот за рестриктивни мерки

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 13-ти Септември ја усвои Одлука за воведување на финансиски мерки против тероризам и ширење (распространување) на оружје за масовно уништување и нивно финансирање кон 15 македонски државјани за кои постојат основани сомевања дека се односно биле вклучени во активности на тероризам и негово финансирање односно преку…

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки

Денеска во Клубот на пратениците беше потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ферат Елези, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо…

Годишниот план за спречувањена корпуција на Управата за финансиско разузнавање за 2022

Вршењето на задачите и реализацијата на целите на Управата е во непосредна врска со преземањето на соодветни мерки кои се насочени кон отстранување на разните видови на коруптивно однесување кои би можеле да се појават во најразлични форми како што е неморално и неетичко однесување , судир на интереси , непотизам и слично . Во…

Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите (Ново*)

Согласно член 19 став (10) од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам Службен Весник на Република Северна Македонија број 151 од 04.07.2022, Управата за финансиско разузнавање подготви Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите  кое има  цел да им помогне на фондациите и субјектите да го разберат концептот на…