Извештај за спроведената проценка на ризик од финансирање на тероризам за непрофитните организации

Релевантните меѓународни институции, вбројувајќи го и ФАТФ во лидерска позиција во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризам, покрај тоа што утврдуваат меѓународни стандарди за спречување финансирање на тероризам, исто така, идентификуваат и типологии на финасирање на тероризам според кои терористите и терористичките организации ги искористуваат НПО на повеќе начини: за собирање, трансфер и употреба на собрани средства (познато како циклус на финансирање); обезбедување логистичка поддршка; поттикнување регрутирање терористи; создавање лажни добротворни организации или злоупотреба на прибираните средства за овие цели и друг вид поддршка.

Извештај за спроведената проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2020 година

Согласно меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики, Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ја дефинира обврската за спроведување НРА заради идентификување, проценување, разбирање и намалување на ризикот поврзан со перење пари и финансирање на тероризам, како и обврската за нејзино ажурирање најмалку на секои четири години. Овие обврски ја наметнуваат потребата за подготвување на Извештај за НРА, кој се користи за подобрување на националната регулатива, идентификување на недостатоците на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, идентификување на сектори или активности со помал или поголем ризик, дефинирање на приоритети и алокација на ресурси, како и помош на субјектите при спроведување на нивната интерна проценка на ризик. Советодавното тело е надлежено за координирање на активностите за спроведување на НРА и изготвување извештај.

Извештај за спроведена национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам од 2016 година

Република Северна Македонија го постави и го гради системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики.

Меѓународните стандарди наметнаа обврска политиките и институционалната реакција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам да се постават во зависност од заканите и проценетиот ризик. Градењето систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам адекватен на проценетот ризик е условен од претходно спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.